2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечките банки во 2014 година ќе го намалуваат кредитирањето на стопанството

Словенечките банки во 2014 година ќе го намалуваат кредитирањето на стопанството

slovenski-banki

Словенечките банки во 2014 година ќе ги намалуваат кредитните пласмани спрема стопанството за дополнителни 3,8 отсто, според прогнозата објавена од страна на централната банка.

Санацијата на банкарскиот систем во чии рамки Државата ќе пласира во банките 10 проценти од Словенскиот БДП, а нема да има позитивни ефекти, ќе продолжи со намалување на кредитирањето, а зголемувањето на кредитните текови може да се очекува само во втората половина на оваа година, изјави за словенечко радио Боштјан Васле, директор на владината канцеларија за макроекономска анализа (UMAR).

Наместо во големи инвестиции во трите најголеми банки во земјата, Нова Љубљанска банка (NLB), Нова кредитна банка Марибор (NKBM) и Abanka, ќе ги концентрира своите кредитни активности во согласност со новата стратегија, во населението и малите и средни претпријатија.

Намалените можности за кредитирање ќе се одразат на економската активност, а UMAR и Централната банка најавуваат дека словенечкиот БДП оваа година би можел да падне за околу еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП