2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто значат модерните професии преведени на македонски

Што значат модерните професии преведени на македонски

job-titles

Напредокот на технологијата, покрај новите начини на работење и правила на игра на пазарот, ги донесе со себе и професиите чии имиња звучат како на екипаж на вселенски брод, иако повеќето од нив постојат многу одамна.

Така на пример, “Head of sales department” – е работник кој го има во секој маркет уште од Југославија, а “Office manager” – старата добра секретарка.

Погледнете што во превод значат некои од овие современи титули.

Executive assistant – Ги организира секојдневните активности во компанијата, планира состаноци, спроведува истражувања, подготвува презентации и обезбедува различни услуги за клиентите и во секоја фирма се нарекува различно.

Key account manager – Акаунт менаџер, со придавката “клучен”, која зборува за него дека е одговорен за големите клиенти.

Lean specialist – Се грижи за вработените и машините кои тие ги користат да бидат поефикасни. Управува со процесот на производство и ги анализира трошоците.

Office telemarketing operator – Кога во текот на денот ќе ви заѕвони фиксниот телефон а не очекувате повик од никого, не заборавајте на телемаркетинг операторите. Тој ќе ви понуди производ, ќе ви објасни што може да добиете бесплатно, и зошто неговата цена е пониска од онаа на конкурентските фирми. Ако не ви треба она што го продаваат, исклучете му го телефонот,  а тој ќе мора да се обиде да го повтори “успехот” уште безброј пати до крајот на денот .

Process improvement expert – Специјализиран во подобрување на работниот процес, овој експерт и помага на компанијата да го зголеми профитот. Смислува начини за компанијата да ги исполни своите цели и го редизајнира начинот на работа со цел да се постигне повисок профит.

Sales executive – Раководител или менаџер на продажба кој се бави со продажба на стоки и услуги. Нивната улога е да допрат до потенцијалните клиенти, со цел да ја зголемат продажбата, и на тој начин да влијаат на растот на профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП