16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПропадна продажбата на Косовски пост-телеком

Пропадна продажбата на Косовски пост-телеком

KosovoTeleco

Косовската Влада нема да го потпише договорот за приватизација на косовскиот пост телеком(ПТК) со компанијата „Аксос капитал партнер“, јави
дописникот на МИА.

– Крајниот рок беше 30 декември, но поради неизгласувањето на договорот од страна на парламентот, премиерот Хашим Тачи одлучи да не се оди понатаму со овој процес, без
одлука на Парламентот. Сега сите сме свесни дека Пост телеком(ПТК) ќе изгуби од вредноста, од цената. Одговороста за ова ќе ја сноси опозицијата, изјавија претставници на
Владата за дел од косовските медиуми.

Поради неможноста да се обезбеди потребниот број гласови при изгласувањето на буџетот за 2014 година, владата беше приморана да се откаже од амандманот за приватизација на
ПТК.

Тоа беше сторено кога опозицијата се закани дека ќе ја напушти седницата доколку тој амандман не се повлече. Против беа и неколку пратеници од мнозинството, меѓу кои и спикерот Јакуп Красниќи.

Во средината на април годинава комисијата за оценување на понудите за најдобар понудувач на тендерот ги прогласи „Аксос“ и „Најфи“, кои за 75 отсто од акциите понудија 277
милиони евра.

Пред конечно да се каже „не“ на проватизацијата, истата беше одложувана неколкупати, еднаш по барање на купувачот, а останатите поради несогласувањето на парламентот да се
финализира овој процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП