17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗрак надеж во Шпанија

Зрак надеж во Шпанија

shpanijashpa2234rtyyu

Невработеноста во Шпанија е значително намалена, што им дава еден зрак надеж на 4,7 милиони луѓе кои и понатаму се невработени во четвртата најголема економија во светот.

Најновите податоци, како што се наведува во соопштението од владата на шпанскиот премиерот Рахој, се показатели дека строгите реформи конечно даваат резултат, по распукувањето на бизнисот со недвижнини во 2008 година, што ја турна земјата во двојна рецесија и уништи милиони работни места, пренесува Франс Прес.

Според шпанското Министерство за труд, бројот на невработени лица е намален во декември на месечно ниво, за 107.570 на 4,7 милиони луѓе.

Во текот на изминатата година, бројот на невработени лица е намален за 147.385 луѓе, што е прва година со пад на стапката на невработеност од почетокот на финансиската криза во Шпанија.

„Ова се охрабрувачки податоци кои не инспирираат да продолжиме да работиме на закрепнувањето и на унапредување на вработувањето во 2014 година“, изјави шпанската државна секретарка за вработување, Енграсија Идалго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП