3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустриската активност во Франција

Пад на индустриската активност во Франција

francija1

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ), кој го мери нивотo на активности во преработувачкиот сектор, во Франција во декември се намали на најниското ниво за последните седум месеци, додека во исто време во еврозоната беше забележан позитивен тренд, соопшти Маркит.

Како што пренесува АФП, овој индикатор на активностите во декември имал вредност од 47,0 поени, за разлика од 48,4 поени кои беа забележани во ноември, што секако е под границата од 50 поени која ја одделува рецијата од растот.

На падот на вредноста ПМИ особено влијаеше падот на производството и новите нарачки, како и забрзаниот пад на бројот на вработени.

Во исто време, како што истакнуваат економистите на Маркит, вредноста на индексот ПМИ во целата еврозона е зголемена во декември на највисокото ниво за последните 30 месеци, на што особено влијаеше солидната активност на Германија, како и оживувањето на индустријата во Грција и Шпанија.

Француската индустриска активност се движеше во спротивна насока, нагласува Маркит, потсетувајќи дека станува збор за 22 последователен месечен пад на овој индекс на францускиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП