4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад пет милијарди евра „заборавени“ во пензиските фондови во Швајцарија

Над пет милијарди евра „заборавени“ во пензиските фондови во Швајцарија

SWITZERLAND-TAXATION-POLITICS-BANKING

Над пет милијарди евра, кои никој не ги побарува лежат на „заборавени“ сметки во пензиските фондови во Швајцарија, откриваат локалните медиуми.

Средствата од овие, околу 855.000 сметки се префрлени во специјален фонд, од кој е побарано да ги пронајде нивните сопственици, пренесува БТА.

Станува збор за вкупно 6,3 милијарди швајцарски франци (5,12 милијарди евра) кои се „заборавени“ повеќе од две години. На сметките во просек има по 7.500 швајцарски франци, но имало и неколку со повеќе од еден милион.

Ваквите сметки често се „заборавени“ кога нивните сопственици го менуваат местото на работа, заминуваат на породилно отсуство или ја напуштаат земјата. Во тој случај, тие треба да ја префрлат сметката во новиот пензиски фонд на новиот работодавач или на сметката за остварување на своите права.

Речиси половина од непобараните сметки припаѓаат на странски работници, кои ја напуштиле земјата. Во 70 проценти тие не можат да бидат пронајдени. Сепак, тие имаат право да си ја побараат пензијата со помош на швајцарските институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП