6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да заработите еден милион на LaFerrari?

Како да заработите еден милион на LaFerrari?

ferari prodazba

Купувањето на уникатно „Ferrari“ е многу профитабилна инвестиција. Богатите фанови на суперавтомобили можат да си купат уникатно „старо“ „Ferrari“ за речиси два пати повисока цена од неговата почетна. Станува збор за првиот примерок од серијата „LaFerrari“ чие официјално деби беше минатата година на автосаемот во Женева.

Цената на овој автомобил тогаш беше 1,3 милиони евра. Заинтересираните купувачи, покрај тоа што мораа да ја имаат оваа сума, тие што сакаа да купат еден од 499 -те примероци имаа уште еден услов – да поседуваат најмалку пет автомобили од марката „Ferrari“.

Откако сите произведени 499 примероци на „LaFerrari“ беа распродадени, првиот од нив веќе се појави на пазарот за половни автомобили.

Станува збор за „LaFerrari“ со сериски број 1 / 499. Интересно е дека продавачот сака речиси двојно повисока цена од онаа за која го купил. Идниот сопственик на првото „LaFerrari“ ќе треба да плати за тоа сума од 2,38 милиони евра. Сепак тоа и не е изненадување, бидејќи голем број на уникатни модели на „Ferrari“ со тек на времето нивната цена се зголемува. Во случајот станува збор за автомобил не постар од една година, со поминати само 200 километри. Покрај тоа „LaFerrari“ е најбрзиот модел на брендот и користи повеќе технологии од „F1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП