17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНаправете забавни работи надвор од работата!

Направете забавни работи надвор од работата!

zabava556

Има многу претприемачи, кои единствено што прават е – работат. Секогаш има многу проекти и многу не завршени работи. Затоа треба да ставите и некои други активности на календарот.

Вратете се во времето кога бевте деца и на активностите кои ве возбудуваа тогаш. Како што стареат луѓето, тие многу често го губат чуството за забава и инспирација. Испланирајте забавни активности и размислувајте за нив како за некој важен состанок, нешто што мора да го направите.

Кога веќе креирате толку листи со работни обврски, зошто да не креирате листа со најзабавните работи во Вашиот живот?

Ова е многу лесно и ги содржи сите работи што сакате да ги направите, да имате или да станете пред да се пензионирате.  Напишете листа со работи кои ви се интересни и кои сакате да ги направите.

Вашата листа е само за вас. Што секогаш сакавте да направите? Не мислете што е она што мислат другите. Не ставајте на листата нешта кои не ви се допаѓаат, а сте ги ставиле само затоа што мислите дека треба да ги ставите.

Кога ќе ги запишете сите работи, ќе бидете зачудени колку од запишаните работи всушност може да направите. Направете план. Ставете краен рок за исполнување на напишаните работи. Размислете кога да биде Вашиот одмор и запишете дата. На овој начин вие ќе мора да го остварите запишаното. Колку позабавни работи запишувате, толку позабавни работи ќе правите.

Кога луѓето зборуваат дека немаат време за некоја работа, тоа значи дека таа работа не им значи доволно за да ја направат. Изговорот дека се нема време е насекаде прифатен, но сите ние имаме точно 24 часа во денот во кои треба да решиме кои ни се приоритетите. А ако приоритет во животот е да се живее исполнет живот, полн со неверојатни искуства и авантури, тогаш вие самите треба да најдете место за истите во Вашата листа.

Сите овие работи ќе ја поттикнат вашата самодоверба, ќе ја зголемат мотивираноста и вашата продуктивност, затоа не се грижете, кога ќе исполните некоја задача од „забавната листа“ вие без проблем и со уште поголема сила ќе и се вратите на работата, затоа, нека ви биде јасно дека претприемачите имаат потреба и од забава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП