Социјалната мрежа „Facebook“ е сочена со тужба поради наводно следење на приватните пораки на корисниците поради давање на податоци на одласувачите и трговците, стои во тужбата која е покрената во Сојузниот суд во Калифорнија.
Во тужбата се тврди дека кога корисниците користат некој линк од некоја друга интернет страница во приватните пораки, „Facebook“ тоа го скенира со цел да профитира од интернет активностите на испраќачот. Се вели дека „Facebook“ ги снима и складира тие податоци и на тој начин го бара профитот од компаниите кои се споменати во пораките.
Од „Facebook“ изјавија дека оваа тужба е неоснована и изјавија дека силно ќе се бранат против неа.
Преку тужбата се бара отштета од 10.000 долари за секој корисник чија порака е скенирана.