6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКолку лидери и се потребни на вашата компанија?

Колку лидери и се потребни на вашата компанија?

lider559

Лидерството не може да биде работа за еден човек во компанија која расте. Всушност, ако сакате повеќе да порасне Вашиот бизнис, тогаш мора да прифатите дека не сте сами, па дури ни дека не сте најважниот лидер во компанијата. Причините за ова се очигледни…

Има малку часа во текот на денот. Работата на оној што го гради бизнисот е ги развие стратегиските иницијативи кои носат поголем профит, повеќе партнери и повеќе приходи во бизнисот. Ако Вашите вработени се премногу зависни од Вашите насоки и сугесгии за секој нов проблем, без разлика дали е голем или мал, Вашата компанија ќе се бори за напредок до подобро место.

Новите лидери имаат шанса да здивнат, бидејќи тие знаат дека сите вработени работат во согласност со приоритетите на компанијата. Вие не можете и не смеете постојано да им кажувате на вработените што да работат, но вие можете да ги научите како да ги решаваат дневните проблеми и како да ги анализираат ризиците и да наоѓаат нови можности. Сплотена заедница од 10, 20, 30 лидери е секако подобро решение од само еден лидер.

Опремување на Вашиот тим со знаење е одлично, зошто на тој начин тимот ќе биде уверен  дека донесувањето одлуки е и нивна одговорност. Уште една карактеристика на поделеното лидерство е предавање на правото „да се биде во право“ и да им се даде можност на другите да бидат одговорни за сите операции во компанијата. Успешните претприемачи, оние кои сакаат да ја одведат компанијата на следното ниво, знаат дека е поважно да се работи во заедница со нивните вработени, наместо да се раководи групата.

Додека практиката на штедење е суштинска оперативна вредност на споделено лидерство, суштинските вредности на предаденото лидерство се споделување на можности, намени и постигнувања. Во денешната работна средина, вработените копнеат по продуктивна цел. Тие чувствуваат големо задоволство од своите постигнувања, а не од постигнувањата на нивниот шеф. Тие сакаат да придонесат во бизнисот градејќи планови и нивно имплементирање. Најважно од се, тие сакаат да бидат победници исто како и оние кои го градат бизнисот. Автентичното и добро распределено лидерство ја нуди оваа можност.

Компаниите кои ги пребродуваат неверојатните тешкотии имаат високо флексибилни, еластични и екстремно посветени вработени. Со нив не може да се манипулира како би работеле понапорно, туку нивниот предизвик е преземање иницијатива. Вие имате капацитет да привлекувате вработени во компанијата и на тој начин да има исклучителен придонес од секој член на тимот. Секој вработен на кого му е дадена можност да биде влијателен лидер, ќе ги надмине Вашите очекувања. Затоа, бидете паметен. Ќе освоите повеќе победи кога споделувате лидерство. Не бидете скржави, дозволете им и на другите да бидат лидери, секој за својата област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП