6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција оваа година нема да успее да излезе на пазарите, според фондот...

Грција оваа година нема да успее да излезе на пазарите, според фондот Пимко

grcija-siromashna

– Најголемиот инвестициски фонд во светот Пимко смета дека Грција нема да успее да излезе на меѓународните пазари во 2014 година и оти земјата ќе биде принудена да бара нова странска финансиска помош, пишува весникот „Етнос“.

Весникот нагласува дека грчкиот премиер Андонис Самарас пред неколку дена објави дека Грција може да застане на свои нозе и оти повеќе не и е потребна помош од нејзините кредитори.

Директорот на Пимко, Мајк Бранч, меѓутоа, во изјава за германскиот весник „Зидојче цајтунг“ вели дека не е уверен оти Грција е во состојба оваа година да ги собере потребните финансиски средства од меѓународните пазари.

Прогнозите на светскиот инвестициски фонд имаат особена тежина, со оглед на тоа дека неговите инвестиции во износ од 1,5 билиони евра се вложени во државни обврзници.

Каматите на грчките државни обврзници со рок на доспевање од девет години во моментов се движат во границата од осум отсто, истакна експертот од Пимко.

– Ако Грција земе големи кредити во тие услови, вкупната вредност на каматите во однос на долгот ќе биде многу поголема од таа, доколку Грција продолжи да се финасира од Европскиот механизам за поддршка, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП