Во своите веќе традиционални предвидувања на трендовите кои не очекуваат во наредните пет години „IBM“ оваа година се посвети пред се на персонализацијата, медицината и образованието.
Ви ја претставуваме нивната листа на најзначајни технологии кои во наредните години ќе влијаат на нашиот живот.
Паметни училници – Училницата на иднината ќе му помогне на секој ученик во постигнувањето на оптимални резултати врз основа на мониторинг на неговите перформанси. Едукативниот материјал ќе биде прилагоден за секој поединец врз основа на неговите способности, што ќе резултира со оптимален развој на вештините кај учениците.
Обичното купување ќе биде заменето со онлајн – Во иднина трговските ланци ќе овозможат подобра персонализација на купувањето, со што ќе завладее трендот на спојување на вистинското купување во продавниците со богатството на понудата достапна онлајн, а доставата на купената стока во истиот ден ќе стане вообичаена појава.
Лекарите ќе користат ДНК анализа при лекувањето – Се посилните компјутерски системи ќе овозможат технологијата на ДНК тестирање да стане вообичаена при постапката на лечење. ДНК тестовите ќе се изведуваат брзо и евтино, а може да се појават и специфични лекови прилагодени на гените на секој пациент за оптимални резлутати на лечењето.
Персонализација на дигиталната заштита – Безбедносните системи на интернет ќе станат попаметни и поприлагодени. Ќе го снимаат однесувањето на корисникот и многу други податоци за него, се со цел да го запознаат неговото нормално однесување. Во случај на отстапки од „нормалното“ ќе го предупредуваат на можност од кражба на идентитет или хакирање.
Паметни градови – Жителите и туристите во секој момент на својот мобилен телефон ќе имаат достапни информации за градот во кој се наоѓаат. Системите кои ќе им даваат информации ќе имаат способност „да учат“, за да ги прилагодат препораките и водичите на секој поединец.