3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве каде е најдобро да имате „тетка“

Еве каде е најдобро да имате „тетка“

tetka556

Ако животот е „сапуница“, во годините на економска криза би се надевале на расплетот во кој парите нас ни „паѓаат од небо“.

А едно од најчестите сценарија кои ни „местат“ таква приказна е „тетката од Америка“ која неочекувано остава „брдо пари“ во наследство…

Истражувањето на „HSBC“, сепак, укажува дека во тоа (малку веројатно) сценарио подобро би било да имаме „тетка“ во Австралија, отколку во Америка, бидејќи, истражувањата покажуваат дека Австралијанците оставаат најмногу пари во наследство.

„HSBC“, една од најголемите банки во светот со седиште во Лондон, спроведе истражување во кое учествувале 16.000 луѓе од 15 земји.

Како што пренесува „CNN“ истражувањето покажало дека Австралијанците оставаат најмногу пари на идните генерации – во просек повеќе од половина милион долари, поточно 501.919 долари.

Во однос на Австралијанците, „тетките од Америка“ не се баш дарежливи кога се работи за наследството: Американците, вели истражувањето, се на дури шестото место во светот, а просечниот износ кој го оставаат на идните генерации е 177.000 долари.

По износот на просечното наследство, светски вицешампион  е Сингапур, со просечно наследство во износ од 371.000 долари. Следат Велика Британија (280.000 долари), Франција (220.000) и Тајван (190.000).

Истражувањето вели дека, ширум светот, околу 69 проценти од пензионерите планираат на своите потомци да им остават наследство, а просечниот износ во развиениот свет е 148.000 долари. Кога станува збор за бројот на луѓето кои се подготвени да им остават наследство на потомците, најдарежливи се во Индија, каде дури 86 проценти од пензионерите планираат да им остават пари на идните поколенија.

Американците не се одлучуваат на таков масовен потег како Индијците: наследство планираат да остават околу 56 проценти од граѓаните на САД.

Секако, многумина им даваат пари на децата и пред смртта, па, на пример, истражувањето на „HSBC“ покажува дека околу 35 проценти од работноспособните жители на САД веќе добиле пари од некој член на семејството – во просек по 24.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП