28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНисан и Усеин Болт влегуваат во Гинисовата книга на рекорди

Нисан и Усеин Болт влегуваат во Гинисовата книга на рекорди

bolt1

Усаин Болт, најбрзиот човек на планетата и олимпискиот шампион во спринтерските дисциплини, е лицето кое се наоѓа на билбордот од рекламната кампања на Нисан. Сликата од Болт во двојна големина се наоѓа на меѓународниот аеродром во Дубаи.

Димензиите на овој билборд го одведоа билбордот во Гинисовата книга на рекорди. Рекламата го прикажува Болт, кој е висок 1,95см во позиција за старт на трката. Оваа мега слика со Усеин Болт е само една од серијата на реклами кои во моментов се изложени на големите светски аеродроми, како дел од големата рекламна кампања на Нисан.

Билбордот кој стои на терминалот 3 на меѓународниот аеродром во Дубаи, влезе во Гинисовата книга на рекорди на церемонијата која беше одржана на самиот аеродром, тогаш беше наведено дека станува збор за најголемата светлечка реклама во затворен простор. Рекламата е долга 28 метри и висока 6,2 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП