18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВака мудриот Сократ би ви открил една тајна за успехот

Вака мудриот Сократ би ви открил една тајна за успехот

sokrat559

Многумина ќе потврдат дека атинскиот мислител Сократ (470 п.н.е – 399 п.н.е) бил еден од најмудрите луѓе кои оделе по Земјата. Неговите идеи и размислувања за правилното и погрешното, способностите, среќата, знаењето, младината, учењето не знаат ниту за време ниту за социјално уредување ниту се поврзани со постоењето на интернет.

И денес Сократ би ви рекол дека – лошо работите само затоа што не знаете (од незнаење), дека морате во се да бидете умерени, на единственото на што треба да се фокусирате во животот е вашиот личен развој, а не на собирањето на богатство, да морате се да разгледате, да морате да поставувате прашања и да предизвикувате дебати.

А како Сократ гледал на успехот и како го дефинирал?

Постои приказна (Сократ не оставил записи, но неговите ученици пишувале за размислувањата на својот учител) дека на Сократ му се обратил некој млад човек со желба овој мудар човек да му ја открие тајната на успехот. Сократ го однел до реката и му рекол да влезе во водата. Младиот човек го послушал и набрзо главата му се нашла под вода – учителот го фатил за коса, го потопил и го држел под вода. Овој издржал колку што можел без воздух и набрзо почнал да се бори и да се оттурнува со желба да излезе од под водата и да земе воздух. Сократ го пуштил и веднаш го запрашал:

„Што најмногу од се сакаше долу, под водата?“

„Воздух“, рекол човекот.

„Тоа е таа тајна. Кога сакаш успех во било што толку колку што сакаше воздух со главата под вода, до него и ќе стигнеш. Нема друга тајна“, одговорил Сократ.

Баш како и вас што нема да ве загрее малиот оган, така ни малата желба не може да донесе големи резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП