6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарк Цукерберг донирал најголема сума на пари во 2013

Марк Цукерберг донирал најголема сума на пари во 2013

markmark555

Најбогатите Американци донираа вкупнo 3,4 милијарди долари во хуманитарни цели во текот на 2013 година.

Најмногу од своето богатство издвои Марк Цукерберг заедно со неговата сопруга, односно дури 992,2 милиони долари. На овој пар не му е првпат да одвојува волку голема сума за хумантирани цели – една година претходно тие, исто така, донираа половина милион долари.

На второто место со 500 милиони долари се наоѓа шефот на „Nike“, Фил Кнајт, а на третото место е поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг со 350 милиони долари.

Најмногу е донирано во универзитетите, што според зборовите на аналитичарите покажува дека на овие образовни институции најмногу им се верува дека работат за општото добро, но и дека тие знаат на кој начин да побараат пари.

Да се потсетиме, во 2012 година, на врвот на оваа листа беше Ворен Бафет, но тој оваа година не влезе ни во првите десет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП