17 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Јавниот долг на Србија во 2014 година ќе биде зголемен за дополнителни 1,6 милијарди евра, а според оценка на експертите, неговото враќање во законски дефинирани рамки од 45 отсто од БДП нема да биде можно ни во следната деценија. Според последните податоци, јавниот долг на Србија на крајот на ноември 2013 година, изнесувал 19,5 милијарди евра, што изнесува 59,1 отсто од српскиот БДП.

Белград – Попустите на распродажбите во Србија реално никогаш не биле поголеми од 30 отсто, додека во странство тие се движат и до 70 отсто. – Што се однесува до распродажбите во Србија, тие не се ни приближни со распродажбите кај нашите соседи. Затоа не е чудно што во понудата на туристичките агенции се почесто има и шопинг тури во странство, изјави претседателката на Центарот за потрошувачи на Србија, Вера Вида.

Белград – Српското Министерство за правда и државните институции ќе усвојат Стратегија за развој на финансиските истраги, со која се предвидува и воведување на нова професија – економски форензичар. – Се размислува за воведување на економски форензичар, професија која ќе биде многу значајна за спроведување на сложените финансиски истраги, изјави советничката на министерот за правда и државна управа Мирјана Михајловиќ.

Загреб – По стапувањето во сила на новиот Закон за изградба, само од еден портал за продажба на недвижности во Хрватска последниот ден во 2013 година се повлечени над 50.000 огласи. Се проценува дека од сите огласи за продажба на недвижности повлечени се најмалку 200.000 огласи, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист“. Со наведениот Закон имено се предвидуваат казни за продавачите на недвижности кои не набавиле енергетски сертификат, без оглед дали се работи за приватно лице или агенција.

Загреб – Откако „Кроација ерлајнз“ ќе ги објави деловните резултати од 2013 година, ќе запоне процесот на приватизација на оваа авиокомпанија, објави „Јутарњи лист“, оценувајќи дека без стратешки партнер компанијата нема да може „да излезе на крај“ со конкуренцијата. Деловните резултати кои треба да бидат објавени на почетокот на оваа година, се очекува да бидат добри, наведува весникот.

Тел Авив – Израелскиот парламент планира да стане „најзелен“ на светот, така што ќе произведува струка за свои потреби, а ќе покрене и иницијатива за зачувување на животната средина. Претседателот Кнесет Џули Аделштајн објави двогодишен проект чија цел е заштеда на енергија. Плановите вклучуваат изградба на 4.500 квадратни метри соларни панели за производство на електрична енергија, автоматско исклучување на компјутерите на крајот на работниот ден, мерење на количеството на водата која се користи за наводнување и потрошувачката, како и други мерки за заштеда на енергија.

Вашингтон – Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ постигна договор за преземање на преостанатите акции на американската „Крајслер“ за 3,65 милијарди долари. „Фиат“ веќе поседува 58,5 отсто од акциите на „Крајслер“, а 41,5-те отсто останати досега беа во сопственост на Фондот на Обединетие Авто-Синдикати. Според договорот, „Фиат“ веднаш ќе уплати 1,9 милијарди долари во еден синдикален фонд, а уште 1,75 милијарди долари по потпишување на договорот.

Панама Сити – Меѓународниот конзорциум задолжен за проширување на Панамскиот канал, ќе ги запре работите на три недели ако властите на Панама не одговорат на нивните барања за исплата на обврските. Конзорциумот ГУПЦ, во кој се вклучени фирми од Шпанија, Италија, Белгија и Панама, ги обвини властите дека не ги почитуваат условите и барањата од договорот и поставија рок од 21 ден за нивно исполнување. Претставникот на властите за Панамскиот Канал, Хорхе Кијано го отфрли ваквото барање, оценувајќи дека тоа се услови надвор од договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП