11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Вашингтон пост“: Грција во 2014 година влегува со четири сериозни проблеми

„Вашингтон пост“: Грција во 2014 година влегува со четири сериозни проблеми

washin555

На почетокот на 2014 година Грција го презеде претседавањето со Европската унија со ветување, дадено од Владата на премиерот Андонис Самарас, дека земјата ќе излезе од шестогодишната рецесија, дека ќе го избалансира буџетот и дека ќе и стави крај на економската криза што ја разниша целата еврозона, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Во написот американскиот весник ја пренесува изјавата на премиерот Самарас, кој во новогодишната порака рече дека во „2014 година Грција ќе се врати на пазарите и ќе почне повторно да станува нормална земја“.

Весникот, меѓутоа, се прашува дали Грција навистина го избегна најлошото.

Со над 240 милијарди евра доделни кредити земјата и натаму има неоддржлив јавен долг, исправена е пред заканата од нова политичка дестабилизација, еден од четворица Грци е невработен, а земјата постојано тоне кон сиромаштија, оценува „Вашингтон пост“, посочувајќи ги четирите главни проблеми што сега ја мачат Грција се невработеноста, бирократијата, политичката нестабилност и долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП