23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Крајслер“ ги подигна акциите на „Фиат“

„Крајслер“ ги подигна акциите на „Фиат“

fiat1

Акциите на италијанскиот производител на автомобили Фиат се зголемија за повеќе од 15 проценти по објавата дека компанијата планира да го откупи преостанатиот удел од 41 проценти во Крајслер.

Фиат има мнозински удел во американскиот Крајслер од 2009 година.

Со ова купување ќе биде формирана седмата по големина автомобилска компанија во светот.

Фиат вчера објави дека ќе го откупи уделот од 41,5 проценти кој е во сопственост на амриканското Здружение на синдикати на автомобилските работници за 3,65 милијарди долари. Договорот треба да биде потпишан до 20 јануари.

Извршниот директор на Фиат, Серџо Маркионе изјави дека планира да го прошири глобалниот удел на компанијата, и дека овој договор е еден од моментите кои го дефинираат животот и кој ќе биде запишан во историјата.

Фиат има вкупно 215.000 вработени, од кои една третина работат во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП