6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Куба стапи во сила режим за слободнa продажба на автомобили

Во Куба стапи во сила режим за слободнa продажба на автомобили

avtomobilikuba558

– Во Куба од денеска стапува во сила режим за слободнa продажба на нови и стари автомобили од државни компании.

Режимот е воведен согласно указот, објавен на 31 декември во Службениот весник на земјата.

Во документот се опишуваат условите за оваа нова мерка за економска либерализација, воведена од комунистичкиот режим.

Физичките лица, Кубанци и странски државјани, кои живеат во Куба ќе можат да купуваат неколку видови на автомбили. Документот содржи правила, со кои конкретно се определуваат цените на увезените моторни возила.

Досега само дипломатите, странските фирми и мал број Кубанци имаа специјални привилегии и можеа да купат увезени автомобили. Поради тоа две третини од сите автомобили во Куба се американски модели од пред револуцијата во 1959 година или советски модели од 70-те и 80-те години на минатиот век.

Од денеска државните претпријатија ќе увезуваат атомобили и ќе им ги продаваат со 20 процентен данок на фирми, кои ќе ги препродаваат со повисока цена за осум проценти и десет отсто специјален данок. Сето тоа ќе ја зголеми крајната цена на увезените автомобили за околу 50 проценти.

Куба нема автомобилска индустрија. Досега, на пример, цената на „Москвич 2140“ во добра состојба, советски модел чие производство запре во 1988 година, достигнуваше девет илјади долари. Од друга страна просечната месечна плата во Куба изнесува околу 20 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП