2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Во 2014 очекуваме повеќе од 20 странски инвестиции

Груевски: Во 2014 очекуваме повеќе од 20 странски инвестиции

gruevski9886

– Повеќе од дваесет странски инвестиции се очекуваат во текот на оваа година во земјата, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Повеќе од 20 инвеститори неформално, како што рече, веќе донеле одлука да почнат свој бизнис во Македонија.

– Во подготовка на моето новогодишно обраќање направив разговор со поголем дел од луѓето кои во Владата и во владините институции се задолжени за инвестирањето и она што го детектирав е дека имаме повеќе од дваесет инвеститори кои веќе неформално имаат донесено одлука да инвестираат во Македонија, односно да ја почнат својата инвестиција во текот на оваа година, значи од сега до крајот на оваа година, рече Груевски.

Всушност, додаде, се работи за повеќе од дваесет, сепак, не сакам да бидам толку многу прецизен зашто секогаш може нешто да се изјалови, може нешто да се случи да го предомисли инвеститорот или да му ги смени плановите, да се променат условите за бизнис генерално во Европа.

Премиерот Груевски заедно со министерот за здравство Никола Тодоров денеска го означија почетокот на проектот за нов клинички центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП