30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарно може да има и по 21 часот ако не влијае на...

Парно може да има и по 21 часот ако не влијае на цената

parnopar558

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одби барањето од Балкан енерџи груп (БЕГ) за два часа да се продолжи периодот за греење во Скопје, бидејќи со тоа сметките за потрошена топлинска енергија би се зголемиле за 9 отсто.

Доколку компанијата има вишок топлина, ќе може да им ја испорачува на граѓаните во вечерните часови, но без да бара надомест за тоа. Останува БЕГ да одлучи дали ќе има парно и по 21 часот или ќе продолжи да грее до 21 часот како и досега.

БЕГ лани во делови од Скопје реализираше пилот-проект за продолжено греење, при што соопшти дека рекациите на потрошувачите се исклучително позитивни. Минатиот месец компанијата достави и официјалн барање до РКЕ за измена на Правилникот за испорака на топлинска енергија, односно за продолжување на времетраењето на греењето за дополнителни два часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП