6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2013. цените на мало пораснале за 1,3, а трошоците на живот...

Во 2013. цените на мало пораснале за 1,3, а трошоците на живот за 2,8 отсто

PICEDITOR-AGE

– Цените на мало во 2013 година во однос на претходната 2012 пораснале за 1,3 отсто, а трошоците на живот за 2,8 отсто.

Цените на мало во декември 2013 година, во однос на претходниот месец, пак, пораснале за 0,4 отсто, а трошоците за живот за 0,3 отсто, додека во споредба со декември 2012 година, растот на цените на мало изнесува 0,7 отсто, а кај трошоците на животот 1,4 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на цените на мало во 2013 година е забележан во групите: Земјоделски производи за 6,4 отсто, Индустриско- прехранбени производи и Пијалаци за 2,7, Непрехранбени индустриски производи за 0,8 и Услуги за 0,4 отсто.

Пораст на трошоците на животот има во групите: Облека и обувки за 6,9 отсто, Хигиена и здравје за 4,7, Ресторани и хотели за 3,9, Исхрана за 3,6, Тутун и пијалаци за 3, Покуќнина за 1,5, Огрев и осветление за 1,1, Култура и разонода за 0,9, Останати услуги, неспомнати на друго место за 0,7 и Стан (станарина, вода и услуги) за 0,6 отсто. Намалување има само во групата Сообраќајни средства и услуги за 0,8 отсто.

Порастот на трошоците на животот во декември 2013 година, во однос на претходниот месец, пак, е резултат на порастот на цените кај зеленчукот за 7,6 отсто, преработките од млеко за 0,4, свежото и киселото млеко за 0,3 и преработениот зеленчук за 0,2 отсто. Пораст е забележан и кај туристичките аранжмани за 3 отсто, течните горива и гасот за домаќинствата за 2,7, нафтените деривати за 1,3, производите за лична хигиена за 0,5, обувките за 0,3 и деловите за сообраќајни средства за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот во декември 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 4,3 отсто, алкохолните пијалаци за 0,7 и рибата за 0,5 отсто. Намалување има и кај услугите за сместување за 5,7 отсто, авионскиот превоз на патници за 5,4, електричните апарати за домаќинството за 0,3 и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП