3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе е лесно: Што ќе научиш кога ќе ја добиеш првата вистинска...

Не е лесно: Што ќе научиш кога ќе ја добиеш првата вистинска работа?

jobjob998

Постојат некои работи кои тешко дека некогаш ќе можете да ги избегнете, па така ни тоа дека еднаш морате (ако веќе не сте) да ја најдете првата работа. Дознајте што ве чека откако ќе ја добиете работата.

1. Конечно си независен, а тоа не е така интересно како што звучи.

2. Ќе изгубиш контакт со многу пријатели и ќе ти биде тешко да најдеш нови. Кога не работиш – спиеш. Кога неспиеш – работиш. И се така во волшебен круг.

3. Ќе се навикнеш постојано да бидеш уморен.

4. Ќе мора повторно да научиш да ги користиш вештините кои си ги поседувал додека си студирал, па си ги заборавил. Како во бестрага се користеше Excel?

5. Луѓето многу повеќе ќе те почитуваат, барем така ќе мислиш.

6. Твоите навики околу исхраната ќе се менуваат од ден во ден. Вчера доручкував, ручав и вечерав, така што денес не мора да јадам, може да пијам само кафе. И така немам време за ништо повеќе.

7. Кафето ќе биде твојот пријател.

8. Ќе се навикнеш да живееш во постојана гужва.

9. Ќе се навикнеш да бидеш казнуван. Поздрави се со твоите 20 проценти од платата, доколу нешто згрешиш.

10. Ќе постојат денови кога ќе ја повикуваш трагедијата само за да не одиш на работа.

11. На секои два дена ќе се чувствуваш четири дена постаро.

12. Ќе откриеш дека не поседуваш соодветна гардероба за работа.

13. Родителите нема да ги гледаш така често.

14. Нема да имаш време да си зготвиш нешто за себе, ниту за твојот миленик.

15. Ќе бидеш позрел, односно така ќе мислиш.

16. Повеќето твои ручеци ќе ги поминеш на работа, само што нема да ручаш, туку ќе работиш.

17. Ќе започнеш да ги планираш деновите на работа. Кажи му збогум на социјалниот живот.

18. Најчест одговор на прашањето „Ајде да излеземе вечер“ ќе ти биде: Не, морам да спијам, сабајле сум на работа.

19. Ќе откриеш дека не си толку паметен како што мислеше.

20. Но, не си ни толку глупав, како што другите ти кажуваа.

21. Ќе почнеш постојано да се поистоветуваш со своите родители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП