27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем индустриски раст во еврозоната во последните 2,5 години

Најголем индустриски раст во еврозоната во последните 2,5 години

evrozonata559

Индустрискиот сектор во еврозоната минатиот месец забележа раст со најбрзо темпо во изминатите две и пол години, што е знак за зацврстување на економската обнова, покажува индексот на компанијата „Маркит“.

Индексот Пи-Ем-Ај, со кој се мерат активностите во индустрискиот сектор, во монетарната унија достигнал 72,7 поени за разлика од на 51,6 индексни поени во ноември. Тоа е највисокото ниво во изминатите 31 месеци и се совпаѓа со првичната проценка.

Кога индексот ќе надмине 50 поени, активностите бележат раст, а кога резултатот е под таа вредност, тогаш е евидентиран пад.

Во врска со невработеноста прогнозите исто така не се многу мрачни, поради тоа што зголеменото производство, обемот на новите нарачки и на бараните услуги ги поттикнува производителите да го зајакнат работниот состав.

Како резултат на тоа вработеноста во еврозоната во декември останала стабилна, а во Германија, Италија и Ирска дојде дури и до отварање на нови работни места.

Но, додека во повеќе земји состојбата се подобрува, во Франција таа и натаму е загрижувачка. Производствениот индекс за декември е на ниво од 47, што е најниско во последните седум месеци. Падот се појаснува со се поголемото намалување на продажбата наменета за извоз, што предизвикува проблеми во конкуретната способноста на земјата.

Во исто време во Германија, Италија и Шпанија индустрискиот сектор забележал најголем раст од првата половина на 2011 година.

Во Грција, која е погодена од тешка криза, во декември е забележано зголемување на производството и нови зделки, поради што Пи-Ем-Ај достигна највисоко ниво во изминатите четири години од 49,6 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП