5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува изградбата на новиот клинички центар во Скопје

Почнува изградбата на новиот клинички центар во Скопје

klinika

Почетокот на градежните активности за изградба на новиот клинички центар ќе биде означен денеска пред старата зграда на Клиниката за гинекологија и акушерство-Скопје.

На поставувањето на камен-темелникот ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров.

Објектот ќе биде изграден на местото на старата зграда на Универзитетска клиника за гинекологија, каде што во тек е нејзиното уривање кое е предвидено да трае три месеци.

Објектот од едната страна ќе се спојува со постојната зграда на хирургиите. Од другата страна ќе се спојува со Клиниката за гинекологија, а од задната страна со Клиниката за онкологија.

Во објектот ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести која ќе биде посебно и сместена во сопствената зграда, Клиниката за детски болести, кон која ќе се спои Клиниката за детска хирургија која од постојната зграда ќе премине таму, и Стоматологија и Максилофацијална хирургија кои ќе си останат во постојниот објект.

Сите други клиники ќе бидат во новиот комплекс и ќе бидат сместени во еден поврзан објект.

Некои од објектите нема да се уриваат и ќе продолжат да се користат за други намени.

Целиот проект ќе чини околу 70 милиони евра со реконструкцијата на постојната зграда за хирургија и парите се обезбедени од Банката на Советот на Европа.

Покрај изградбата на новиот клинички блок, планирано е и реновирање на објектот на хируршките клиники со адаптирање на хоспиталниот дел со болнички соби со сопствени санитарни јазли, адаптирање на испразнетите простори со преселувањето на ургентниот центар во новиот блок, хоспиталниот оддел на клиниките на трауматологија, ортопедија и неврохирургија во новиот објект и целата клиника за детска хирургија во објектот на детската клиника и адаптирање на ослободениот простор за потребите на кабинетски простор за
лекарите и комплетно реновирање на целиот објект.

Изградбата на новиот клинички центар се очекува да трае три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП