8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Можеби ќе биде потребно веднаш да и се помогне на Грција

Шојбле: Можеби ќе биде потребно веднаш да и се помогне на Грција

shojble

Mожеби ќе биде потребно уште веднаш да и се помогне на Грција, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за весникот „Билд“.

– Додека Грција се придржува кон реформите и ги исполнува поставените услови, таа нема да биде заборавена, истакна Шојбле, потврдувајќи дека сумата за дополнителна финансиска помош на земјата, која ќе биде разгледана, ќе биде помала од досега доставената помош.

Двата спасувачки пакета кои досега и се испратени на Грција имаат вкупна вредност од 240 милијарди евра.

– Грција нема потреба од ново отпишување на нејзиниот долг, туку од стабилна фискална политика, нагласи Шојбле, коментирајќи го предлогот на поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит за организирање конференција во врска со прашањето за грчкиот долг.

Германскиот министер за финансии додаде дека прашањето за евентуална дополнителна помош за Грција ќе биде разгледано кон средината на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП