3 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Атина – Како што е предвидено, Грција во 2014 година ќе излезе од програмата за помош и нема да бара нови кредити, изјави грчкиот премиер Антонис Самарас. Во 2014 година ќе направиме голем чекор и ќе излеземе од пакетот за помош. Во идната година, Грција повторно ќе излезе на пазарите и ќе почне да станува нормална земја. Во новата година, грчкиот долг официјално ќе биде прогласен за одржлив, што значи нема да има потреба за нови кредити или нови програми за помош, изјави Самарас во телевизиското обраќање до нацијата.

Белград – Ракијата произведена во Србија ќе тргне на пат околу светот како национален бренд, кога српското Министерство за земјоделство ќе ги заврши работите околу донесувањето на новиот Закон. Новиот закон ќе го замени постоечкиот за ракија и други алкохолни пијалоци, а најважните измени ќе се однесуваат на географската ознака на алкохолните пијалоци, која ќе се дефинира според европски критериуми, објасни директорот на Групацијата за овоштарство, градинарство и алкохолни пијалоци при Министерството, Колинда Хрехоровиќ.

Подгорица – Црногорската Влада го повлече од процдеура на собраниско усвојување Анекс договорот за закуп на хотелите „Свети Стефан“, „Милочер“ и „Кралска плажа“, склучен меѓу неа и компанијата „Адриатик пропертис“, со цел да се договорат некои аспекти и да се постигне консензус за  негово одобрување во Собранието. Анексот предвидува закупот на хотелите „Свети Стефан“ и „Милочер“ да биде продолжен од 30 на 42 години, а на хотелот „Кралска плажа“, чија обнова не почна ни по седум години, од 30 на 90 години, како намалување на закупнината за една третина.

Подгорица – Црногорскиот министер за сообраќај Иван Брајовиќ очекува во првиот квартал на 2014 година да почне изградбата на автопатот Бар–Бољаре. Изградбата на делницата од Подгорица до Колашин на автопатот и е доверена на кинеската компанија „ЦЦЦЦ Интернешанл“. Брајовиќ изјави дека Владата на Црна Гора со кинеските партнери го утврдила Предлог-договор за изградба на првата делница од овој автопат .

Мостар – Владата на Федерацијата БиХ бара преиспитување на прописите според кои се исплаќаат енормно високи плати на функционерите, чија висина ги шокираше граѓаните на БиХ. Владата на  ФБиХ побара доставување на информации за платите на сите нејзини претставници во јавните претпријатија, управи и агенции, во кои нема мнозински удел. Во соопштението од седницата, Владата наФ БиХ реагирајќи на објавените податоци од Даночната управа за енормно високите плати во јавниот сектор, заклучи дека од управата и претставниците на државниот капитал во претпријатијата во кои нема мнозински удел, треба да побара информации за висина на платите и врз основ на кој закон тие се исплаќаат.

Рим – Акционерите на најстарата банка на светот, италијанската „Монте деи Паски ди Сиена“ (БМПС), одобрија зголемување на капиталот на банката за три милијарди евра, но дури во мај. Тоа предизвика неизвесност околу тоа дали банката ќе мора да биде национализирана. Главните акционери на оваа трета по големина банка во Италија го одбија планот за спас кој предвидуваше продажба на акции во вредност од три милијарди евра во текот на овој месец. Наместо тоа, акционерите го одложија нужното зголемување на капиталот за 12 мај. Претседателот на Управниот одбор на банката Алесандро Профумо, кој е банкар со меѓународен углед и поранешен директор на „Уни Кредит“, би можел да поднесе оставка по досега невидениот судир со најголемиот акционер „Фондационе Монтепаски“, хуманитарен фонд поврзан со локалните политичари. Оставка би можел да поднесе и извршниот директор на банката Фабрицио Виола.

Вашингтон – Иако експертите од ОН, ММФ и други организации очекуваат понатамошно зајакнување на глобалната економија, економистот Нуриел Рубини познат како „Доктор Пропаст“, јавно изразува сомнежи кон тоа и загриженост од избувнување нова глобална економска криза, бидејќи како што објаснува, суштинските проблеми во економски најмоќните земји не се решени. Рубини, кој прв од најпознатите економисти во САД  ја предвиде глобалната финансиска криза во 2009 година, смета дека огромните јавни долгови, високата невработеност и недоволната инвестициска активност и натаму ги гушат водечките западни, но и некои економии на земји со забрзан економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП