21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве како секогаш да имате пари

Еве како секогаш да имате пари

walletfullofcash1

Доколку имате чувство дека парите ви „капат“ и ви исчезнуваат а не знаете како, време е да размислите за промени во иднина.

Основа на се е штедењето и поставувањето на цели, за во секој момент да би имале финансиска сигурност. Во продолжение се некои од примерите како најлесно да заштедите пари и совети како со нив паметно да управувате.

Штедење на забава

Речиси сите информации кои ви се потребни денес во дигиталната ера, можете да ги пронајдете на интернет. Иако претплатата на некоj магазин вам можеби не ви се чини висока, размислете дали можете да дојдете до информациите кои ви ги нуди магазинот бесплатно. Колку ДВД-ја и ЦД-а имате во куќата кои само собираат прашина?

Секако, на сите нас ни е потребна забава, и сигурно е дека повремено треба да се почестиме со работи кои не прават среќни, но никако не смееме да дозволиме парите фрлени на забава да бидат пари фрлени во ветер.

Штедење на трошоци за автомобил

Многумина денес без автомобил не можат да живеат, а трошоците се големи. Размислите дали, со оглед на пониската цена, ви би се исплатело вградување на плински уред во автомобилот. Доколку имате намера да купите нов автомобил, во предвид земете и автомобил стар неколку години – состојбата на таквото возило може да биде незначително полоша од она возило кое е сосема ново, а цената во просек му е околу 30 проценти пониска. Не заборавајте дека и возењето на велосипед е многу поевтино, но и поздраво.

Штедење на храна

Ако ваш избор се пицериите, рестораните за брза храна или готова храна купена во кујните, размислете за промена во исхраната – можете со помалку пари да се храните и живеете поздраво. Гответе сами и планирајте ги оброците според она што го имате дома. Кога одите во продавница носете со себе список, за да го избегнете трошењето на пари на непотребни работи.

Штедење на работи без кои можеме

Ако сте пушач, ослободете се од оваа лоша навика. Цигарите не само што не се здрави, туку се и скапи. Размислете колку пари испуштате во чадот од цигарите. Споредете ги цените и некои трошоци како што се животното осигурување, производите за деца и лековите.

Штедење на сметките

Исклучувањето на компјутерот или телевизорот кога сте далеку од нив, штеди на сметките за струја. Иако вас тоа можеби ви се чини како ситница, не сте во право – станува збор за лоши навики кои нас не следат во текот на цела година. Количината на енергија која ќе ја потрошите на крајот не е воопшто за занемарување. Во зимските месеци во станот не морате да одите во маици по кратки ракави, ниту долго да ги држите прозорците отворени додека надвор се ниски температурите.

Штедење на сметките за телефон, мобилен…

Размислете за пакетите кои ги нудат телеком операторите. Споредете ги цените и проверете дали сте ја избрале најповолната.

Може да се штеди и на…

Направете список за следниот месечен шопинг, па после неколку дена прегледајте го. Сигурно ќе заклучите дека се што сте ставиле на листата не ви е неопходно и дека можете без некои работи на кои од месец во месец безпотребно трошите пари.

Колку кредитни картички имате, ви требаат ли сите? Решете се од вишокот и по ова прашање, бидејќи парите кои ги плаќате за камати и чланарини сигурно можете попаметно да ги потрошите.

Може да се штеди и на подароци. Подароците кои ги паметиме не се оние најскапите, туку оние кои се посебни за нас. Доколку сте креативна личност, направете сами оргинален подарок.

Во ситуација кога ќе научите да штедите на еден или на повеќе од горенаведените начини, не ги трошете тие пари залудно. Изградите финансиска стратегија која вам ќе ви даде долгорочна сигурност за вашите пари, но и за вас и за вашето семејство. Она што треба прво да направите, ако веќе не сте го направиле, е фонд за итни ситуации. Отворете сметка или едноставно ставајте пари на страна за ситуации како што се големи дефекти во домаќинството, дефект на автомобилот, здравствени проблеми, губење на работата.

Втора работа е, со парите или дел од парите кои сте ги заштедиле да се обидете да вратите некои долгови, доколку постојат, или да отплатите дел од кредитот, исто така доколку го имате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП