4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEADS од оваа година со ново име - Airbus Group

EADS од оваа година со ново име – Airbus Group

eads1546

Најголемата европска воздухопловна корпорација „EADS“ од 1 јануари 2014 година го менува своето име во „Airbus Group“, во согласност со одлуката од јули минатата година.

Како што пренесува францускиот весник Фигаро, оваа промена е во рамките на реорганизацијата на корпорацијата која во иднина ќе опфати три сектори, цивилни авиони – „Airbus“, „Airbus“ хеликоптери и „Airbus“ одбрана и простор.

Весникот потсетува дека „EADS“ веќе објави дека на крајот на 2016 година ќе укине 5,800 работни места, доколу преговорите со синдикатите не ја променат оваа одлука.

Промената на називот на корпорацијата во „Airbus Group“, која ја иницираше извршниот директор Том Ендерс, има за цел капитализација на најпознатата компанија во рамките на групацијата, францускиот производител на авиони „Airbus“.

Корпорацијата „EADS“ (European Aeronautic Defence and Space Company) е формирана 1999 година со спојување на германската, француската, шпанската и британската национална компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП