3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony го намалува бројот на вработените

Sony го намалува бројот на вработените

sony15623

Јапонската компанија „Sony“ планира во наредните месеци да го намали бројот на вработени, објавуваат јапонските медиуми.

Компанијата планира од јануари да го намали бројот на работници во пет фабрики специјализирани за составување на електрични производи.

Во овие фабрики се вработени околу 5.000 лица, но „Sony“ сеуште не утврдил колку вработени ќе добијат отказ. Некои медиуми наведуваат дека компанијата ќе настојува да одобри заминување во предвремена пензија за работниците постари од 40 години.

Во текот на фискалната 2012 и 2013 година, која заврши во март, компанијата „Sony“ драстично го намали бројот на вработени на светско ниво.

Во тој период беа укинати 10.000 работни места, што е околу шест проценти од вкупниот број на вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП