6 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Фиат“ пред целосно преземање на „Крајслер“

„Фиат“ пред целосно преземање на „Крајслер“

fiatchry15

Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ привршува со активностите за целосно преземање на американската компанија „Крајслер“, со купување и на преостанатите 41,5 отсто од акциите на концернот.

По преземањето на „Крајслер“, „Фиат“ ќе стане седмиот по големина производител на автомобили во светот. Поголемиот дел од акциите на „Крајслер“, италијанската компанија ги купи уште во 2009 година.

Оваа зделка се случува во време на големо реструктуирање на американската автомобилска индустрија по светската финансиска криза од 2009 година.

Додека главниот пазар на „Фиат“ е Европа и Латинска Америка, „Крајслер“ е силен на северноамериканскиот пазар. Оваа комбинација му дава на „Фиат“ силна позиција како конкурент на „Фолксваген“, „Џенерал моторс“ и „Форд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар