2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДомашни ИТ компании ќе се пробиваат во Дизелдорф

Домашни ИТ компании ќе се пробиваат во Дизелдорф

itkompanii

Претставници на осум софтверски компании од Македонија ќе понудат можности за соработка со компании од информатичка технологија од Германија на билатерални бизнис средби, што ќе се одржат денес и утре во Дизелдорф.

Средбите на домашните компании Артхаус, Итгма, ГОРД Системи, АСПЕКТ, Семос едукација, АСИ, СИМТ и Инет, ги организира Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Македонската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), со поддршка од УСАИД и Проектот за инвестиции и промоција на извозот (ИДЕАС), имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

– Ние веруваме дека ефективните состаноци ќе предизвикаат понатамошни деловни преговори кои пак ќе вродат со продажба, нови партнерства и взаемна соработка. Македонските ИТ компании знаат дека инвестирањето во технологија, како и јакнењето на капацитетите, се клучни за нивната способност да се натпреваруваат, да растат и да бидат профитабилни во предизвикувачкиот глобален пазар, изјави Кирил Миноски, сениор советник за промоција на извоз во ИДЕАС.

Како што Владата на Република Македонија и самите бизниси бараат раст преку диверсификација и извозна експанзија, соопштуваат од Проектот на УСАИД, тие имаат потреба од стратегии кои ќе ја позиционираат земјата и компаниите подобро да се натпреваруваат на глобално ниво.

– Повеќе од две години, проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, работи со Инвест Македонија и ја поддржуваат македонската ИТ индустрија како една од извозно потенцијалните сектори во македонската економија. Преку проектот ИДЕАС, УСАИД работи со владините институции и други партнери на зајакнување на нивната координација, на човечките и институционалните капацитети и на подобрување на конкурентноста на приватниот сектор со цел да се подобри севкупната економија, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП