25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Венецуела изнесува 56,2 проценти

Инфлацијата во Венецуела изнесува 56,2 проценти

venecuelaceni1

Инфлацијата во Венецуела достигна 56,2 проценти во 2013 година, што е годишен рекорд во Латинска Америка.

Меѓутоа, трендот се промени во последните два месеци, по владините мерки за контрола на цените, соопштија властите на оваа земја.

Инфлацијата од 5,1 проценти во октомври, забави на 4,8 проценти во ноември и на 2,2 проценти во декември, соопшти Централната банка.

Во својот говор, претседателот Николас Мадуро изјави дека годишната стапка на инфлација изнесува вкупно 56,2 проценти, додека во 2012 година таа беше 20,1 проценти.

Последната годишна проекција на власта изнесуваше 54,3 проценти.

Како и претходно, Мадуро, скокот на цените го објасни со „економската војна“ на опозицијата, приватниот сектор и нивните поддржувачи во странство, без кои Венецуела, како што рече тој, би имала едноцифрена инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП