6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW и Toyota - заеднички до два спортски модели

BMW и Toyota – заеднички до два спортски модели

dogovor bmw toyota

„BMW“ и „Toyota“ постигнаа договор за заедничка платформа за изработка на спортски автомобили, соопшти раководството на германскиот производител.

„Постигнавме договор за заедничко производство на спортски автомобили“, изјави директорот на развојниот сектор на „BMW“, Херберт Диес. Резултатот од заедничката работа ќе биде, два различни модели од кој секој на автентичен начин ќе ги претстави двата бренда.

„BMW“ и „Toyota“ се во блиско партнерство кое се рефлектира меѓу останатото и во соработка на развојот и производството на хибридни, електрични и други автомобили со алтернативни погонски системи.

Новиот договор меѓу двете компании продразбира заедничка работа на нов спортски автомобил кој ќе биде во склад со високите стандарди за заштита на човековата средина и како што се предвидува би требало да биде спортско возило на 21-виот век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП