7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг потрошил негови 650 милиони долари на Њујорк

Блумберг потрошил негови 650 милиони долари на Њујорк

blumberg165

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, на градот Њујорк, во текот на своите три последователни мандати, потрошил 650 милиони долари од своите пари, се наведува во најновиот извештај.

Годишната плата на Блумберг, кој е градоначалник на Њујорк уште од 2002 година и чие богатство магазинот „Forbes“ го проценува на 27 милијарди долари, изнесувала еден долар.

Градоначалничкиот мандат на Блумберг се завршува вечерва на полноќ, а градоначалник на Њујорк од 1 јануари 2014 година ќе биде Бил де Блејзио.

Весникот наведува дека во текот на 12-годишниот мандат како градоначалник Блумберг потрошил околу 62.400 долари на неделно чистење на аквариумот во зградата на управата на градот, како и тоа дека потрошил околу 23 милиони долари на разни донации, а во весникот, исто така, се вели дека од 2002 година Блумберг му дал околу 30 милиони долари на музејот на уметностите во Њујорк, Метрополитен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП