5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ подготвена да и помогне на Португалија

ЕУ подготвена да и помогне на Португалија

oliren54966

Европската унија е подготвена да и понуди на Португалија додатна помош, кога во мај и истекува актуелната програма за помош на таа земја, вели комесарот Оли Рен.

„Европа ќе го одржи својот збор и ќе продолжи да и помага на Португалија, но единствено под услов таа земја да продолжи со реформите кои веќе ги спроведува. Апсолутен приоритет е успешниот завршеток на актуелната програма“, напиша европскиот комесар за економски работи, Оли Рен, во една статија за португалскиот деловен весник „Diario Economico“.

Во замена за добивање на помош од 78 милијарди евра од тројката кредитори – Меѓународниот монетарен фонд, Европската Унија и Европската централна банка – Португалија во мај се согласи на остри мерки за штедење и длабоки реформи, кои предизвикаа рецесија, предизвикаа голем процент на невработеност, како и зголемен отпор кај синдикатите и гласачите.

Во спроведувањето на условите од пакетот помош, владата на португалскиот премиер Педро Пасос Коељо до сега се соочуваше со голем отпор од граѓаните, како и со незгодните одлуки на Врховниот суд кој во неколку наврати отфрли поединечни мерки за штедење, образложувајќи ги како неуставни.

Според зборовите на премиерот, Португалија ја чекаат две сценарија по излегувањето од програмата за помош. Едно од нив е земање на краткорочни кредитни линии од ЕУ, а второто сценарио е потполно излегување од пакетот помош како што направи Ирска овој месец, односно, враќање на пазарите без додатна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП