5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако ќе се прослави Новата година ширум светот (фото)

Како ќе се прослави Новата година ширум светот (фото)

ngglavna

На 31-ви декември вечерта во секој град во светот ќе има одлична забава. Насекаде ќе има огномет, музика и атракции. За оние од вас кои ќе одлучат во странство да заминат за новогодишната ноќ, погледнете кои се градови со „жешки“ забави за Нова година.

Берлин

ng1

Во Берлин секоја вечер има каде да се оди и што да се види. Покрај студот, на 31-ви декември пред Брандербуршката порта се собираат 1 милион луѓе, каде го гледаат огнометот и ласерско шоу. Забавата на отворено вклучува платформи за диџеи, танцување и винески валцер.

Кејп Таун

ng2

Можете да го гледате огнометот од Тејбл планината. Останете за карневалот „Tweede Nuwe Jaar“ на 2-ри јануари, кој личи на „Mardi Gras“.

Дубаи

ng3

Во Дубаи пречекот на Новата година е како и се друго – чудесно. Огномет се пушта од највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа. Во секој луксузен хотел има екстравагантно забава.

Единбург

ng4

Во цела Шкотска се слави со забави на отворено со огнови и концерти. Во Единбург тие почнуваат уште од 30-ти декември. Во замокот Единбург се собираат околу 80.000 луѓе. Има диџеј забава и барови.

Гоа

ng5

Егзотична Нова Година може да пречекате во Индија со танцување, јога и спа третмани на плажа. На 31-ви декември вечерта има диџеј транс забава под палмите.

Хонгконг

ng6

Кинезите го измислиле огнометот и се разбира на 31-ви декември ќе има многу од нив. На Нова година има и 10-минутно ласерско шоу. Таа започнува од пристаништето Викторија и поминува низ 40 облакодери. Ако не ви пречи огромната толпа – одете на Тајмс Сквер ( да , како во Њујорк ), каде што има часовник на кој се одбројуваат последните минути или во некој од бројните барови во реонот на „Lan Kwai Fong“.

Хонолулу

ng7

Географската положба на Хонолулу е таква и тука Новата година ќе дојде последна. ВИП забава се организира во „Trump International“, во „Royal Hawaiian“ секоја година има розова забава. Во „Modern“ има тематска забава посветено на 20-тите години на минатиот век, каде целосниот пакет чини 114.000 долари и вклучува превоз со авион, 4 ноќевања, спа, лимузина и пловење со јахта.

Лас Вегас

ng8

Неможе да не се Лас Вегас. Оваа година огномет ќе има на „MGM Grand“, „Planet Hollywood“, „The Venetian“, „Stratosphere“ и уште неколку други луксузни хотели. Прочуената улица „Strip“ ќе биде затворена за автомобили. Бруно Марс ќе има концерт во „The Cosmopolitan“, а во „Caesar’s Palace“ ќе пее Селин Дион.

Лондон

ng9

Биг Бен ќе го означи стартот на огнометот. Се очекува околу четвртина милион луѓе да се најдат на улица. Ќе има 45-минутна забава со диџеј. Имајте на ум дека за дискотеките и пабовите ќе треба претходна резервација. На 1-ви јануари во Лондон има парада со околу 10.000 учесници.

Њујорк

ng10

Тајмс Сквер е прочуено место за дочек на Нова година. Околу него ќе има околу 1 милион луѓе во новогодишната ноќ! Резервација за забавата во „Marriott Marquis“ стартува од 950 долари по човек.

Рејкјавик

ng11

Рејкјавик е познат по ноќниот живот. Тука нема официјално организирана новогодишна забава, таа се случува спонтано. Локалните луѓе традиционално го гледаат новогодишната ток-шоу на телевизија и околу 11:35 излегуваат на улица, каде што се истрелуваат околу 500 тони огномет. По полноќ во сите клубови има забава до зори.

Рио де Жанеиро

ng12

Облечете се во бело – тоа е традиција. На нова година се фрлаат цвеќиња. Забавите се на плажа, а сите се подготвени за ноќно капење.

Сиднеј

ng13

Тука исто така е лето и Нова Година се дочекува на плажа. Минатата година на забавата пееше Кајли Миног. На пристаништето во Сиднеј ќе се соберат околу 1 милион луѓе. Освен огнометот има шоу на акробати, светлосно шоу и регата.

Торонто

ng14

Околу 40.000 луѓе се собираат на плоштадот Нејтан Филипс. Го гледаат огномет од брегот на езерото Онтарио. Вистинска церемонија е на час и половина пат од Торонто – на Нијагарините водопади. Таму ќе има забава, посетена од околу 60.000 луѓе. Меѓу изведувачите ќе биде Деми Ловато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП