3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсудени шестмина службеници на HTC за кражба и измама

Осудени шестмина службеници на HTC за кражба и измама

htc sudei

На шестмина службеници на „HTC“ ќе им биде судено за кражба на деловни тајни и измама, објави „The Wall Street Journal“. Од највисокиот кадар меѓу нив е Томас Чиен, поранешен потпретседател за дизајн на производите во компанијата. Имињата на останатите петмина не се откриваат.

Шестмината се обвинети дека украле повеќе трговски тајни на „HTC“, главно поврзани со корисничкиот интерфејс „Sense“. Нивната цел била да основаат своја сопствена компанија.

Заедно со тоа, шестмината се обвинети дека земале мито и да фалсификуваат разни документи што го чинело „HTC“, најмалку 1,1 милиони долари.

Интересно е дека претходно оваа година беа уапсени три лица од компанијата поради слични сомневања, вклучувајќи го и Томас Чиен. Очигледно, по истрагата станало јасно дека доказите против него се доволни за поднесување тужба. Не е познато дали другите двајца, вклучувајќи го и одговорниот за дизајнот на смартфонот „One“, Џастин Хуанг ќе бидат осудени.

Сепак, лошите вести за „HTC“ се чини немаат крај. Компанијата не само што е во тешка финансиска криза веќе подолго време, но и во последните месеци им се суди успешно од „Nokia“ за прекршени патенти. Така сомнежите дека „HTC“ ќе се извлече од тешката ситуација, изгледаат сосема легитимни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП