28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg купува осум пивари во Кина

Carlsberg купува осум пивари во Кина

carlsberg154

Данскиот производител на пиво „Carlsberg“ купи осум фабрики за пиво од кинеската компанија „Chongqing Beer“, со намера да го зголеми малото присуство на кинескиот пазар.

Трансакцијата, со која „Carlsberg“ се стекна со мнозинска сопственост (60 проценти) на овие фабрики, е вредна 1,4 милијарди круни (околу 200 милиони евра), а капацитетот на овие фабрики изнесува 12 милиони хектолитри годишно, се вели во соопштението на данската компанија.

„Carlsberg“ со овој откуп се обидува да го интензивира растот на азискиот пазар, со цел да го компензира забавувањето на растот во западна Европа.

Во втората половина од оваа година оваа компанија ја започна изградбата на една фабрика за пиво во Мјанмар, а другата во Кина.

Продажбата на пивото „Carlsberg“ во Кина во третиот квартал е зголемена за 11 проценти на годишно ниво, но тоа на азискиот пазар сеуште учествува само со 15 проценти во вкупната вредност од продажбата на овој производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП