3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФоринтите и злотите во петте најсилни валути

Форинтите и злотите во петте најсилни валути

forinti154

Унгарската форинта и полските злоти оваа година се наоѓаат меѓу петте најсилни валути од 32 светски валути на ранг листата на агенцијата Блумберг.

Досега, многу популарната чешка круна се наоѓа меѓу десетте најлоши валути.

Врз основа на резултатите од последниот квартал на светските финансиски пазари, во однос на доларот, форинтата зајакнала за 5,1 проценти и се наоѓа на четвртото место на ранг листата, а полските злоти зајакнале за 5,1 проценти, со што се најдоа на петотто место, додека чешката круна изгубила 5,4 проценти од вредноста во однос на доларот и се наоѓа на 24-тата позиција.

Еврото, со кое се плаќа во Словачка, се наоѓа на шестото место од ранг листата со 3,88 проценти зголемена вредност во однос на доларот.

„Сведоци сме на длабоки промени во полската економија. Таму се помалку се увезува, а извознците се прилично успешни. Забележано е зголемување на продажбата без оглед на рецесијата во еврозоната, истовремено увозот е ограничен со слабата потрошувачка и инвестициите“, изјавија економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП