5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвлечени првите награди од играта „Фискална во рака - награда без мака“

Извлечени првите награди од играта „Фискална во рака – награда без мака“

fiskalna nagradna

Трајко Кузмановски од Куманово е добитник на станот, а Димитар Миладинов од Струга на деловниот простор во Скопје. Автомобилот „Пежо 208“ го доби Панде Мановски од битолското село Буково.

Ова се добитниците во првото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ организирана од страна на Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финасии на Република Македонија.

Секоја фискална сметка, нагласи вицепремиерот Зоран Ставрески, значи можност да се изградат повеќе училишта, болници, патишта, да се зголемат пензиите, да има повеќе пари за земјоделците и за се друго што се финансира од буџетот.

„Секој граѓанин треба да го знае тоа дека со барањето фискална сметка има можност да поддржи изградба на некој објект или за подобар живот за граѓаните во Република Македонија“, нагласи Ставрески.

Тој смета оти на ваков начин и децата и повозрасните стануваат посвесни дека фискалната дисциплина се нивно право, а на тој начин можеме да ја поддржиме изградбата на државата.

„Ќе донесеме малку среќа во 150 – тина семејства, а очекувам дека и сите други понатаму ќе имаат можност да бидат дел од следните извлекувања и да добијат некоја вредна награда“, рече вицепремиерот Ставрески и додаде оти со ова постапено ќе се создаде култура на барање фискална сметка и на страна на трговците и на страна на граѓаните да се подигне свеста дека тоа е вообичаен начин да се исполнат обврските и да се помогне развојот на локалната средина и на државата.

Според Ставрески биле надминати очекувањата на Министерството за финансии, а тоа покажува дека граѓаните ги мотивиравме, а тие чувствуваат дека прават нешто општествено корисно.

Во наградната игра, која почна на 1-ви декември, учествуваа сите коверти кои утрово се подигнаа од пошта и од пункотовите поставени на Градскиот плоштад Македонија и зградата на МРТ.

Беа доделени 152 награди и тоа ваучери за прехранбени продукти, за велосипеди и велосипедска опрема, за компјутери и компјутерска опрема, ваучери за мобилни телефони, дигитални фотоапарати и опрема, за бела техника и мали кунски апарати, аудио и видео опрема…

Бројката од над 800.000 коверти зборува за широката прифатеност на наградната игра што се должи пред се на богатиот и атрактивен награден фонд, но секако и на поддршката од медиумите и широката јавност. Целокупниот фонд на награди покрај бројните вредносни ваучери содржи автомобили, три станови и три дуќани.

Во текот на наградната игра која заради големиот интерес наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања, секој месец по едно, ќе може да се учествува со фискални сметки кои носат најран датум од 15.11. 2013-та година.

Второто извлекување кое ќе се изврши на 27.01.2014 година во кое ќе учествуваат ковертите, пристигнати до приредувачот во периодот од 30.12.2013 година до 26.01.2014 година до 24:00 часот.

Во второто извлекување ќе се извлекуваат добитници на бројни вредносни ваучери и еден автомобил, како и во третото, четвртото, петото и шестото, а сите неизвлечени коверти од овие извлекувањата ќе учествуваат во седмото извлекување кое ќе се реализира на 30-ти јуни 2014-та кога покрај вредносни ваучери и автомобил ќе се извлекуваат и еден стан и еден дуќан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП