3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Не и го вртиме грбот на Грција

Шојбле: Не и го вртиме грбот на Грција

shojble54pl

Европа нема да и го сврти грбот на Грција, а претседателската позиција на таа земја во ЕУ претставува голема прилика за Атина, вели германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

„Претседавањето на Атина со ЕУ ќе му покаже на грчкиот народ дека Европа е неговата иднина“, порача Шојбле, пренесува агенцијата Франс прес.

„Одговорноста со претседавањето со ЕУ подразбира идентитет, самоувереност и гордост. Грчкото претседавање е голема прилика како за таа земја, така и за Европа“, додаде германскиот министер, одбивајќи ги сомневањата дека Атина тој момент би можела да го искористи за да го ублажи притисокот околу реформите кои се во тек.

Шојбле додаде дека задачата за следење на реформите е исклучиво во рацете на „тројката“, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Министерот исто така ја отфрли можноста за евентуален нов отпис на грчкиот долг, но напомена дека е можна и дополнителна помош за таа земја.

„На средината на наредната година ќе одлучиме дали на Грција и е потребна нова помош. Ако Атина продолжи со планираните реформи и ги исполни неопходните услови, ние нема да и го свртиме грбот“, изјави тој.

Моменталната програма за помош за Грција истекува во јули 2014 година, а министерот за финансии Јанис Стурнарас порача дека на неговата земја нема да и биде потребна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП