4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank очекува голема загуба во последниот квартал од 2012 година

Commerzbank очекува голема загуба во последниот квартал од 2012 година

comm1

Германската банка „ Commerzbank“ во понеделникот објави дека очекува последниот квартал од минатата година да го заклучи со голема загуба, која ја препишува на еднократните трошоци. Во „Commerzbank“ во четвртиот квартал од 2012 година се очекува загуба од 720 милиони евра, вклучувајќи ги еднократните трошоци од 185 милиони евра поврзани со продажбата на украинската гранка од банката „Bank Forum“ и 560 милиони евра даночни побарувања.

Тие, исто така, објавија дека добивката за цела измината 2012 година ќе изнесува само шест милиони евра, во споредба со 638 милиони евра во 2011 година, поради еднократните трошоци од 980 милиони евра.

Неодамна истакнаа дека со цел да ги намалат трошоците на работењето, во нередните три години тие имаат намера да скратат 6.000 работни места. Целосниот извештај за минатата година ќе биде објавен на 15 февруари, се вели во соопштението на „Commerzbank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП