5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоедноставен транзит со Европа со новиот компјутеризиран систем на Царината

Поедноставен транзит со Европа со новиот компјутеризиран систем на Царината

carina4578

– Царинската управа воспостави нов компјутеризиран транзитен систем, кој ќе овозможи поедноставна постапка со скратување на трошоците и времето за претпријатијата. Ќе почне да се спроведува од 1 јануари, а од 1 март ќе биде задолжителен.

Системот, како што рече на денешната презентација директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов, овозможува движење на стоки во транзитна постапка меѓу кои било две места во кои било земји членки на Конвенцијата за заеднички транзит со користење на една единствена транзитна декларација.

Најави дека ќе покренат иницијатива за да станат член на Конвенцијата за заеднички транзит и очекуваат тоа да се случи во наредната година.

– Системот е подготвен. Тука нема никакви лажења и шминка и сметаме дека со ова се е исполнето да добиеме статус членка на Конвенцијата, рече Каргов.

Економските оператори, како што појасни, ќе имаат поголема сигурност и побрз транспорт.

– Нашите производи без никаков непотребен застој ќе ги поминуваат стоките со само една електронска декларација, рече директорот на Царинската управа.

Во Македонија годишно се извршуваат 400.000 транзитни операции, а половина од нив започнуваат и завршуваат на граничните премини со една од земјите членки на ЕУ. Во моментов во проектот се вклучени 32 земји и поврзува 2.300 царински испостави во Европа.

Воспоставувањето на овој систем е и еден од условите за влез во ЕУ, а со него се воспоставува и систем за размена на царински, даночни и статистички податоци со ЕУ кој подоцна ќе го користат и другите државни институции. Земјата ќе стане дел од царинскиот систем на ЕУ уште пред нејзиното зачленување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП