Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 0,50 денари за литар, а цената на дизелот останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Така, цената на ЕУРОСУПЕРОТ БС – 95 ќе чини 78,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 80,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 70,00 ден/лит.
Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 ден/лит и сега ќе чини 58,50 ден/литар, додека цената на мазутот се намалува и ќе изнесува 40,208 ден/кг.
Зголемувањето на цената на нафтените деривати се должи на покачувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и понискиот курс на денарот во однос на доларот.