Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Рoмпеј изјави дека во наредната година очекува економско закрепнување вo Европа, прецизирајќи дека во целата еврозона ќе биде остварен позитивен раст, освен во Словенија и на Кипар.
Тој изјави дека дури и државите кои имаа потешкотии, како на пример Шпанија и Грција, покажале знаци на економско закрепнување.
Ромпеј изјави дека 2014 година ќе биде година на закрепнување, иако тоа нема да биде видливо поради постојаните податоци за степенот на невработеност.
„За отворање на нови работни места ќе биде потребно повеќе време“, изјави тој.