27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОTотенхем купува двајца од Јувентус?

Tотенхем купува двајца од Јувентус?

Vucinic-Quagliarella

Лондонски Тотенхем бара секакви начини за излез од кризата во која се наоѓа клубот во последните неколку месеци. Новиот менаџер Тим Шервуд е убеден дека со неколку квалитетни засилувања, неговата екипа ќе биде далеку поконкурентна во втората половина од шампионатот.

Поради овој факт, англискиот тим веќе „пикираше“ двајца играчи, кои ќе го засилат нападот во тимот. Станува збор за резервите на Јувентус – Мирко Вучиниќ и Фабио Кваљарела кои се поретко добиваат шанса за докажување од тренерот Антонио Конте. Главен „виновник“ за тоа е напаѓачкото дуо на „бјанконерите“, Карлос Тевез – Фернандо Љоренте кои не запираат со добрите игри терените во Серија „А“.

Првиот од планираните – Мирко Вучиниќ, има големата желба да се проба во најсилното клубско првенство во светот. Црногорецот смета дека е време за нов предизвик во неговата кариера, бидејќи долги години демонстрира висока класа по италијанските терени. Евентуален негов трансфер би го чинел Тотенхем околу 10-14 милиони евра.

Колку и да звучи чудно, на лондончани ќе имаат поголеми тешкотии во привлекувањето на Фабио Кваљарела. Репрезентативецот на Италија е посакуван од Сандерленд и Хул Сити, кои го намамат напаѓачот со сигурно стартното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП