25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi освои награда за пилотирано возење

Audi освои награда за пилотирано возење

audo

  • · Почести за Audi од „Auto Bild“ и „Computer Bild
  • · Огромен успех за Audi на наградите “Connected Car”
  • . Audi победи во три категории: телефон, навигација и интернет

Audi прави пионерски чекори кога станува збор за возење со навигација – а со тоа го привлекува вниманието на медиумите. Уредничките тимови на списанија „Auto Bild“ и „Computer Bild“ го прогласија брендот со четири прстени за најдобар при доделувањето на наградите „Pioneer“, што е признание за иновативната технологија за пилотирано возење.

 

Производителот на премиум автомобили е репер кога се работи за технологијата за поврзување со автомобилите.  Audi освои најмногу гласови на анкета “Connected Car”, спроведена од страна на „Auto Bild“ и „Computer Bild“, а со тоа освои дури три награди – повеќе од било кој друг производител. На анкетата, која за прв пат се спроведува во 2013 година, читателите ги проценуваа сите аспекти од поврзувањето со автомобилите. Колку е лесно поврзувањето на интернет и како работи  навигацискиот систем. Друга област беа системите за помош, кои овозможуваат побезбедно и поудобно возење. Читателите на „Auto Bild“ и „Computer Bild“  гласаат во осум различни категории. По пребројувањето на околу 320 000 гласови , Audi триумфираше. Брендот со четири прстени е најдобар во три категории.

A

Во категорија телефонско поврзување читателите за најдобар го прогласија системот на Audi, кој лесно го поврзува мобилниот телефон со автомобилот. Навигацијата на Audi исто така беше прогласена за најдобра, таа функционира со помош на Google Earth мапа и слики кои се прикажува на Audi дисплејот. Во категоријата интернет поврзување,  читателите кои гласаа, ја избраа комбинација на технологиите LTE и Wi-Fi  – брзата мобилна комуникација обезбедува и брз трансфер на податоци, а со помош на “Wi-Fi hotspot”  податоците се пренесуваат до мобилните уреди.
“Очигледно е дека сме воодушевени од големиот успех”, изјави Рики Хунд, раководител на одделот за електронски развој во Audi и додаде –  “Последниве години ние целосно се вложивме и напорно работевме во оваа област. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои беа вклучени. Овие награди се мотивација и поттик да понудиме повеќе пионерски технички достигнувања“. Церемонијата на свеченото доделување ќе се случи на почетокот на јануари 2014 година на интернационалниот саем CES (електроника за широка потрошувачка) во Лас Вегас, Невада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП