7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet можеби ќе го укине моделот Corvette Z06?

Chevrolet можеби ќе го укине моделот Corvette Z06?

chevrolet-corvette 2014

„Chevrolet“ за саемот за автомобили во Детроит, кој се одржува во јануари 2014-та, најави премиера на новата генерација на моделот „Corvette Z06“. Меѓутоа, американскиот производител најави дека тоа би можело да биде и последната верзија од овој модел, доколку продажбата не ги задоволи вкусовите на раководството на компанијата.

Новиот модел ќе треба да го помине тестот на пазарот, се со цел да ги оправда вложувањата во идниот „Z06“, велат од „Chevrolet“.

„Ако продажбата на новата генерација на „Z06“ не се подобри во споредба со претходната, ние ќе бидеме принудени во иднина да ставиме крај на производството на овој модел“, рече главниот инженер на „Corvette“, Таџ Џуехтер.

Неодамна беше соопштено дека продажбата на стандардната „Corvette“ се одвива повеќе од добро и дека досега ги надминала очекувањата.

Моделот „Chevrolet Corvette Z06“ за 2014-та ќе биде претставен во јануари во Детроит. Се претпоставува дека ќе има 7.0 литарски V8 мотор кој ќе испорачува околу 600 ks или околу 150 ks повеќе од стандарната верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП